Македонија

Познат е добитникот на Почесното Рациново признание

02.06.2022 15:14

Рациновите средби ќе се одржат на 14-ти и 15-ти јуни во Велес. Познат е добитникот на Почесното Рациново признание, тоа е Србинот Жарко Бошњаковиќ. За наградата Рациново Признание конкурирале 22 автори со исто толку книги...

59-тите Рацинови средби ќе се одржат на 14-ти и 15 јуни во Велес. Познато е дека добитник на Почесното Рациново признание за 2022 година, кое се доделува за афирмација и промоција на македонскиот јазик, книжевноста и културата во странство е проф. д-р Жарко Бошњаковиќ од Нови Сад, истакнат српски лингвист, универзитетски професор. Тој го проучува македонскиот јазик кај македонското малцинство во Србија.

Бошњаковиќ има изработено прирачници за реализација на настава на македонски јазик во образовни институции во Србија.

Меѓу содржаните на Рациновите средби се традиционалниот Балкански поетски митинг, научниот симпозиум „Беседи за Рацин“, потоа научна дебата за предизвиците со кој се соочува македонскиот јазик. Дел од содржините ќе бидат одржани во Велешки театар, дел на повеќе локации на отворено.

Петар Печков