Можеше и полесно!
Патот до Полска го почнуваме дома со Чешка, па одиме на гости во Швајцарија, па Франција, потоа возвраќаме дома со Французите, па со Чесите, за дај боже и порано ама дефинитивно да славиме пласман дома, по одработеното со Швајцарците...

Македонија со трикратниот европски шампион и бранител на континенталниот трон Франција, во квалификациската група 6 за ракометниот евро шампионат во Полска в година во јануари месец. Чешка ќе биде исто дел од борбата за македонски европски континуитет, како и Швајцарија. Првите две селекции од седумте групи одат на завршницата во Полска и една најдобро трето пласирана. Директно учество има само земјата домаќин.
Досега имаме играно со две од трите репрезентации. Со Чешка и Швајцарија се имаме преслушувано, за првпат ќе одиме на мегдан со најдобрата селекција во Европа, Франција. Таа во своето репрезентативно портфолио има и една европска бронза, потоа четири светски злата, едно сребро и три планетарни бронзи. Од Олимписките игри имаат собрано три медали вклучително и Лондонското од последните игри, каде пак го одбраниа освоеното од Пекинг. Бронзата ја имаат од Барселона 92-та.
Чесите имаат осум европски партиципирања но се во рамките на групниот сегмент. Швајцарија по цела деценија во обид повторно да бидат дел од европската ракометна 16-ка, со што би го запишале 4-тото учество на европските, по низата од 2002, 2004-та и 2006-тата. Ние одиме на трето врзување, или севкупно 4-то. Останува нашиот пласман на 5-тото место изборено во Србија како најдобар запишан во ракометната историјата.
Патот до Полска го започнуваме преку Чешка, селекција со која досега имаме играно два пати, на квалификациите за светското 2007-ма кога дома славевме со плус 5, таму бевме декласирани со 18 разлика. Со Швајцарците бележиме подобар скор, последен пат одигравме на квалификацискит расплет за европското во Данска годинава, кога и кај ним на гости и дома бевме поуспешниот тим. И 2004-тата квалификациите за европско повторно завршува со два наши триумфа.
Патот до Полска го почнуваме дома со Чешка, па одиме на гости во Швајцарија, па Франција, потоа возвраќаме дома со Французите, па со Чесите, за дај боже и порано ама дефинитивно да славиме пласман дома, по одработеното со Швајцарците.
Квалификациските пресметки почнуваат во октомври месец.
КВАЛИФИКАЦИСКИ ГРУПИ ЗА ЕП ПОЛСКА 2016
Група 1 Група 2 Група 3 Група 4
Хрватска Данска Словенија Србија
Норвешка Белгија Шведска Исланд
Холандија Литванија Словечка Црна Гора
Турција БиХ Летонија Израел
Група 5 Група 6 Група 7
Русија Франција Шпанија
Португалија Македонија Германија
Украина Чешка Австрија
Унгарија Швајцарија Финска
