Македонија

ЈП „Градски паркинг“ го зголеми бројот на паркинг места за лицата со попреченост во Клиничкиот центар

02.06.2022 15:43

На Универзитетска клиника за детски болести обновени се паркиралиштата за лицата со попреченост, а обележани се и нови места за овие лица на Универзитетски стоматолошки клинички центар, Ургентен центар, како и кај Инфективната клиника...

Екипи на ЈП „Градски паркинг“, по иницијатива на Град Скопје, а во соработка со екипи на ЈП „Улици и патишта“ деновиве зголеми број на паркинг места за лицата со попреченост и ги обновуваат постојните во кругот на Клинички центар.

На Универзитетска клиника за детски болести обновени се паркиралиштата за лицата со попреченост, а обележани се и нови места за овие лица на Универзитетски стоматолошки клинички центар, Ургентен центар, како и кај Инфективната клиника.