Започна исплата на субвенциите кон тутунарите
Кај околу 20.000 производители на тутун, веќе следната недела на своите сметки ќе легнат 1,3 милијарди денари директна поддршка за тутунопроизводството.
Веднаш по донесувањето на измените на Законот за земјоделство и рурален развој, започна постапката за исплата на заслужените субвенции кон тутунарите, информираат од Министерството за земјоделство.
Сите решенија за исплата на субвенциите кон тутунарите за реколтата 2021 година се изготвени и од страна на директорот на Агенцијата за Финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски се потпишани и проследени до министерството за финансии. Во еден ден, без селекција ја реализираме финансиската поддршка за тутунарите. Ова е јасен доказ за сите земјоделци, за сите тутунари, дека Владата навремено ги имаше обезбедено и резервирано потребните средства за исплата на субвенциите, стои во соопштението.
Кај околу 20.000 производители на тутун, веќе следната недела на своите сметки ќе легнат 1,3 милијарди денари директна поддршка за тутунопроизводството.
Дополнително, Агенцијата за за Финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој започна со обработка на апликациите од јавниот повик за финансиска поддршка за набавка на опрема за производство и преработка на туутун, кој беше распишан преку програмата за Рурален развој за 2022 година. Пристигнати се 62 апликации за оваа мерка, а истата предвидува поддршка преку кофинансирање на инвестицијата од 4.500.000 денари по корисник.
