Комисија за избори и именувања го утврди предлогот Фатмир Скендер да биде избран за уставен судија
Тој е единствен кандидат од турската националност кој што согласно со уставното начелото на правична и рамномерна распределба треба да биде член на највисоката инстанца за заштита на уставноста и законитоста во земјава. Утре продолжува дебата за останатите осум кандидати.

По повеќе часовна дебата Комисијата за избори и именувања го утврди Фатмир Скендер за уставен судија на предлог на парламентарното мнозинство. Тој е единствен кандидат од турската националност кој што согласно со уставното начелото на правична и рамномерна распределба треба да биде член на највисоката инстанца за заштита на уставноста и законитоста во земјава. Утре продолжува дебата за останатите осум кандидати.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на Комисијата за избори и именувања побаараа јавно претставување на кандидатите за уставни судии. Од оваа партија објаснија- за да нема сомнеж во јавноста доколку бидат избрани. Но, праламентарното мнозинство го одби предлогот со образложение дека ниту во Деловникот, ниту пак во Уставот не е презициран начинот на кој се избираат судиите во Комисијата. Од СДСМ упатија редици забелешки на кадровските решенија што се предложени од опозицијата.
Левица предложи да се донесе специјален закон за Уставниот суд во кој подетално ќе се наведат образовните, стручните и научните квалификации за тоа кој и од која институција може да биде предложен за уставен судија.
Од владејачкото мнозинство се предложени тројца кандидати, меѓу кои и актуелниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Опозицијата предложи шестмина кандидати, од кои и двајца професори на Правниот факултет, Саво Климовски и Родна Живковска. Доколку поминат предлозите во Комисијата, за избор на судија на пленарка позитивно треба да се изјасни мнозинство од најмалку 61 пратеник.
Игор Панов
