Дизелот поскапува за два денари, цената на бензините останува иста
Цената на Еуросупер БС- 95 изнесува 107,00 ден/лит, на Еуросупер БС- 98 е 109,00 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство изнесува 95,50 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот е 54,640 денари за килограм.

Од полноќ малопродажната цена на дизелот се зголемува за 2 денара за литар и ќе чини 99,50 денари – одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините, на екстра лесното масло за домаќинство и на мазутот, не се менуваат - остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со вчерашната одлука.
Цената на Еуросупер БС- 95 изнесува 107,00 ден/лит, на Еуросупер БС- 98 е 109,00 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство изнесува 95,50 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот е 54,640 денари за килограм.
Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41%.
