70-годишен јубилеј на Кралицата Елизабета Втора
„Ви благодарам на сите“- напиша Кралицата во писмото до јавноста додавајќи дека во наредните денови ќе се осврне на сето она што е постигнато во изминатите 70 години, гледајќи во иднината со самодоверба и ентузијазам.

Британската Кралица Елизабета Втора го слави платинестиот јубилеј-70 години од нејзиното владеење на тронот. Со спектакуларна парада во центарот на Lондон почна четиридневната прослава.
„Ви благодарам на сите“- напиша Кралицата во писмото до јавноста додавајќи дека во наредните денови ќе се осврне на сето она што е постигнато во изминатите 70 години, гледајќи во иднината со самодоверба и ентузијазам.
Од балконот на Бекингемската палата ги поздрави 1.500 војници кои учествуваа на парадата. Утре во катедралата Свети Петар ќе се одржи миса на благодарноста, а во сабота кралското семејство ќе присуствува на коњската трка Епсом дерби.
