Македонија

Апарат за стрес-тест предизвика стресна ситуација во прилепската болница

02.06.2022 18:51

Жителите од прилепскиот регион ќе имаат на располагање термини за стрес-тестирања. Од болницата најавија дека апаратот за стрес-тест ќе биде во функција од понеделник. Но, неговото дислоцирање од амбулантата за спортска медицина на интерното одделение предизвика стресни ситуации…

Прилепската болница ќе почне да закажува термини за стрес тест за граѓаните. Досега жителите од регионот, услугата ја бараа во другите градови. Останува, апаратот од спортска медицина, само да се префрли на интерното одделение.

Денешните непријатни настани, дури и со полициско присуство, ситуацијата ја направија стресна. Лекарот – специјалист не сака да го препушти апаратот кој досега го користеа само спортисти и смета дека му се врши притисок.

Амбулантата е дел од надлежноста на болницата иако е сместена во Центарот за јавно здравје. На стариот апарат му била помината употребната вредност. На интерното каде има супспецијалист, четири дена ќе го користат спортистите, еден ден е за граѓаните.

Уште неставен во функција за граѓаните, апаратот предизвика стресни ситуации.

Елизабета Митреска