ССМ утре ќе го објави датумот за генерален штрајк
Сојузот на Синдикатите на Македонија ќе го објави датумот на генералниот штрајк на утрешната прес-конференција, откако, по средбата со владините претставници на Илинденска 2, не е постигнат никаков договор. Што ви понудија, новинарите го прашаа претседателот Димовски. Тој им одговори – кафе и вода. Разочарани се што на состанокот, не учествувал, министерот за финансии Бесими…

Кафе и вода! Ова била единствената понуда за раководството на Сојузот на синдикати на двочасовната средба со владините претставници. Министрите им раскажувале колку е голема кризата и побарале разбирање. ССМ децидни-договор нема, но утре одлука за штрајк ќе има.
Од Сојузот најголема забелешка е тоа што на средбата не присуствувал министерот за финансии Бесими, кој според Димовски им го ветил покачувањето со ребалансот на буџетот.
Закажани се седници на Претседателството и Советот на ССМ, како највисоки тела на синдикатот, на кои треба да се разгледа предлогот за отпочнување на генерален штрајк.
Димовски потенцираше дека нема да се случи мирно решавање на работните спорови, како што беше случајот со СОНК и нагласи дека штрајкувачите ќе се откажат од дневниците за време на штрајкот.
ССМ, на чија иницијатива недела е прогласен за неработен ден, не се согласува ниту со најновите Предлог-законски измени со кои се предлага недела да биде работен ден во туристичките места.
Катерина Топалова
