Фудбал

Втора победа за младите македонски фудбалери

02.06.2022 20:24

Македонската репрезентација за фудбалери до 21 година ја совлада Ерменија со 3:1 во последниот натпревар на домашен терен во квалификациите за европското првенство...

Македонската репрезентација за фудбалери до 21 година ја совлада Ерменија со 3:1 во последниот натпревар на домашен терен во квалификациите за европското првенство што ќе биде одржано идната година во Романија и Грузија.Во натпревар што немаше големо значење бидејќи и двете селекции беа без шанси за освојување барем на второто место што води во бараж,Ерманија поведе со голот на Симонјан во 10-тата минута.

Подобрата игра на македонските фудбалери во првото полувреме во кое често беа пред противничкиот гол ни донесе израмнување во 22-та минута по прекрасниот удар на Максимов,што за него беше 4-ти погодок во дресот на младата селекција.Без многу шанси во второто полувреме,Македонија по акцијата межу Абази и Илиевски поведе со 2:1,а во судиското продолжение пеналот над Елези во гол го претвори Емини за конечни 3:1.Македонската селекција со новите три бода собра девет колку и Фарски Острови на 4-тото место и во последниот натпревар на 5 јуни ќе игра со Украина во Истанбул.