Свет

Нови вооружени инциденти во САД

03.06.2022 09:27

Маж застрела две жени на паркинг пред црква во американската сојузна држава Ајова, а потоа се самоуби. Две лица ранети откако напаѓач отворил оган кон луѓе кои присуствувале на погреб во Висконсин...

Нови смртоносни напади во Ајова и Висконсин.

Маж застрела две жени на паркинг пред црква во американската сојузна држава Ајова, а потоа се самоуби.

Две лица ранети откако напаѓач отворил оган кон луѓе кои присуствувале на погреб во Висконсин. Претходно слични инциденти се случија во продавница во Бафало, Њујорк, во училиште во Тексас, и во болница во Оклахома.