Воен конфликт

Киев: Водиме дефанзивна војна

03.06.2022 10:15

Се засилуваат борбите, неизвесна иднината на истокот на Украина. Москва порача, странските платеници не се борци. Шестиот пакет санкции за Москва од ЕУ влегува во сила. Москва со песимистички прогнози за политичкото решение на конфликтот...

Стоти ден од руско-украинскиот конфликт. Се засилуваат вооружените битките на терен. И натаму неизвесна иднината на истокот на Украина. Киев порача – водиме исклучително дефанзивна војна.

Цинично е што во првите редови во офанзивата на окупаторот многу често стојат луѓе кои биле регрутирани во руската армија во претходно окупираната територија на регионите на Доњецк и Луганск. Руските војници често се кријат зад овие т.н. мобилизирани лица“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

„Како и да ја нарекуваат оваа борбена активност – специјална операција, дефанзивна, офанзивна, таа е војна. Беше војна, умираа луѓе, се уништуваа згради, се уништи градот кој некогаш беше среќен

Руското Министерство за одбрана му порача на Киев дека странските платеници не се борци според меѓународното хуманитарно право.

Приливот на странски платеници кои доаѓаат во Украина да се борат против руските сили е речиси запрен уште на почетокот на мај. Вкупниот број им се намалил од 6,6 на 3,5 илјади. Очајните обиди на Киев да им се гарантира законска одбрана со тоа што ги заведува како дел од Украинските сили или Националната гарда, или што им дава нови пасоши, нема да ги спаси“, изјави Игор Конашенков, портпарол на руското Министерство за одбрана.

Шестиот пакет санкции за Москва од ЕУ влегува во сила. Воведено е ембарго на извозот на руската нафта во блокот. „Сбербанк“ излегува од системот СВИФТ. Во ЕУ нема да се емитуваат уште три руски државни медиуми.

На инсистирање на Унгарија, од списокот со санкционирани лица е изоставен поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил. Казнени мерки за руски владини претставници од САД.

Москва со песимистички прогнози за политичкото решение на конфликтот.

Киев претходно покажа во волја за договор околу клучните прашања и тоа на реална основа која се гледаше во подготвеноста да се признаат Крим и Донбас, да се откажат од членството во НАТО и да се изврши делумна демилитаризација. Но под влијание на Вашингтон и Брисел, тие преговори се запрени“, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

 

Маја С. Филдишев