Размена на искуства за третман на ракот на дебело црево
Еминентни хирурзи од земјава и од Турција на собир во Скопје. Разменуваат искуства за хируршкиот третман на ракот на дебелото црево...

Еминентни хирурзи од земјава и од Турција на собир во Скопје. Разменуваат искуства за хируршкиот третман на ракот на дебелото црево.
Овој тип рак е третиот најчесто дијагностициран, иако според податоците, фреквенциите на заболување се значителни повисоки кај мажите.
Ракот на дебелото црево е невообичаен пред 40 години, но, инциденцата почнува значително да се зголемува меѓу 40 и 50-та година. Раното откривање е клучно за успешен третман на болеста, а меѓу начините за превенција се редовна и балансирана исхрана и физичката активност.
Од друга страна, пушењето е една од водечките причини за појава на колоректален карцином. Ракот предизвикува 20% од смртните случаи во европскиот регион.
