Свет

Голем пожар во деловен центар во Москва

03.06.2022 11:04

Пожарот ги зафатил првите четири од вкупно 10 ката во деловната зградата. Досега се спасени повеќе од 120 лица, пренесува агенцијата, повикувајќи се на Министерството за вонредни ситуации...

Голем пожар избувна во деловниот центар Гранд Сетун Плаза во западниот дел на Москва, соопшти во руското Министерство за вонредни состојби. Во нивното соопштение е наведено дека засега нема пријавено жртви.

Пожарот ги зафатил првите четири од вкупно 10 ката во деловната зградата.

Досега се спасени повеќе од 120 лица, пренесува агенцијата, повикувајќи се на Министерството за вонредни ситуации.

Во гасењето на пожарот се активирани 200 пожарникари.

Засега нема информации за жртви.

На местото на настанот пристигнале и рускиот министер за вонредни состојби Александар Куренков и неговиот заменик Илја Денисов.