Свет

Турција официјално го промени името, отсега е „Туркије“

03.06.2022 11:12

Обединетите нации го усвоија официјалното барање на Анкара, Турција го менува името во „Туркије“. Иницијативата ја покрена претседателот Ердоган...

Обединетите нации го усвоија официјалното барање на Анкара, Турција го менува името во „Туркије“. Иницијативата ја покрена претседателот Ердоган.

Според него, „Туркије“ ја изразува културата, цивилизацијата и вредностите на турската нација на најдобар начин.

Меѓу другото, Анкара се обидува да се огради од англиската верзија на името што значи „мисирка“ во превод и негативните конотации поврзани со неа.