Македонија

Македонски филмови снимени лани ќе бидат прикажани на четвртото издание на „Златна рамка“

03.06.2022 14:29

Четвртото издание на Филмскиот фестивал „Златна рамка-денови на македонскиот филм“ во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија ќе се одржи од 9-ти до 12-ти јуни во киното „Фросина“ во МКЦ во Скопје..

Веќе четврта по ред година, публиката ќе може бесплатно да ги погледне сите македонски филмски остварувања од минатата година поддржани од Агенцијата за филм.

Љубителите на филмот ќе имаат можност да ги проследат долгометражните остварувања „Сестри“ номиниран за Оскар,потоа „Исчезнатиот“, „Сокриениот“, документарниот филм „Брод полн со бисери“ и краткометражните филмови „Северен пол“, „Баскет“, „Касапот“ и „Проблемот на Тина“.

Во рамки на фестивалот „Златна рамка“ ќе се одржи и Меѓународна конференција за финансирање и соработка со учество на директори на национални филмски фондови од Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Косово, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Кипар и Турција.