Македонија

ССМ најави генерален штрајк за 22-ри јуни, доколку дотогаш не бидат исполнети нивните барања

03.06.2022 14:31

На 22-ри јуни ќе има генерален штрајк ако Владата не дозволи линеарно зголемување на сите плати во јавниот сектор-ова е одлуката на Сојузот на синдикатите. Бараат попишување на колективниот договор со кој ќе се регулира покачувањето и враќање на правото на регрес за годишен одмор од 30 на 100 проценти...

Генерален штрајк на јавниот сектор на 22-ри јуни, доколку Владата не одобри линеарно зголемување на сите плати за 2.806 денари, најави Сојузот на синдикати на Македонија.

Првиот човек на сојузот Дарко Димовски бара од Владата да се потпише општиот колективен договор, за регулирано зголемување на платат и враќање на изгубеното право на К-15 во висина од 30 до 100 отсто до 21-ви јуни. Во спротивно, во генерален штрајк ќе стапат синдикално организираните вработени во војската, полицијата, државната управа, образованието, судството, комунални и јавни претпријатија и општински служби.

Од Сојузот на синдикати изразија разочарување што Владата иако вети дека по ребалансот на буџетот на први јуни ќе има зголемување на платата, тоа сепак не е предвидено во предложениот ребаланс. Димовски најави продолжување на преговорите со Владата.

Марија Котовска