Македонија

Спротивставени ставови за изборот на уставни судии

03.06.2022 15:29

Во Собранието продолжи комисиската расправа за изборот на уставни судии. Опозицијата со став дека посоодветно ќе беше ако кандидатите беа на дебатата за сами да се претстават. Според владејачкото мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ предлага партиски кандидат...

Комисијата за избори и именувања ја продолжи расправата за избор на уставни судии откако, од девет предложени го утврди Фатмир Скендер, граѓански судија во Апелациониот суд во Скопје, за кандидат за уставен судија. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ за нивниот предлог Родна Живковска, професорка на Правниот факултет, велат дека била истакнат правник, затоа што во својата област покажала забележителни резултати и објавила трудови не само во домашни стручни списанија, туку и во меѓународни. Според партијата, неспоредливи се постигнувањата на професорката Живковска, со постигнувањата на кандидатката на СДСМ, Тања Васиќ, и затоа заслужува да ја добие поддршката, да стане дел од составот на Уставниот суд.

Владејачката СДСМ со низа забелешки за профилот на кандидатот на опозицијата, за која велат дека е партиски координатор, а за нејзиниот син посочија дека бил длабоко партиски инволвиран како претседавач на советот на општина Кисела Вода.

Според претседателот на Демократскиот Сојуз, Трајанов, со ваквиот избор на кандидат без јасно утврдени критериуми за избор, Уставниот суд ќе биде под партиско-политичко влијание и со нарушен кредибилитет.

Пратениците се очекува да ги разгледаат и предлозите за уставни судии – републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, Тања Васиќ Бозаџиева која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, предложени од владејачките партии, и на универзитетските професори Саво Климовски и судијата во пензија Бранко Секуловски, обвинителот Тодор Витларов, судијката од Управниот суд Весна Јовановска и Војислав Димовски, јавен обвинител во Охрид, предложени од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Игор Панов