За трофејот во Париз - најдобрата на свет, против тинејџерското освежување
Полската тенисерка, Швјотек на експресен начин се заведе за трофеен меч откако во два сета (6:2, 6:1) и еден час и шест минути игра ја „смири“ црвената прашина елиминирајќи ја русинката Дариа Касаткина која како турнирски рекет број 20 се најде за првпат во ½ финална завршница на Ролан Гарос.

Најдобрата светска тенисерка Ига Швјотек за свој втор престижен пехар „Сузан Леглен“ по 2020-та кога за првпат играше гренд слем турнир воопшто во својата кариера, ќе треба да е подобра од американската тинејџерка 18-годишната Коко Гоф.
Полската тенисерка, Швјотек на експресен начин се заведе за трофеен меч откако во два сета (6:2, 6:1) и еден час и шест минути игра ја „смири“ црвената прашина елиминирајќи ја русинката Дариа Касаткина која како турнирски рекет број 20 се најде за првпат во ½ финална завршница на Ролан Гарос.
Американската тинејџерка Гоф пак, до последен дуел во Париз стигна како 23-то рангирана, а за свое прво сингл гренд слем финале избори пласман преку 59-тата, италијанката Мартина Тревисан исто така во два сета (6:3, 6:1). Гоф влегува во историскиот бележник на францускиот турнир по Ким Клистерс 2001-та која ден пред финалето наполни 18 години, како најмлада финалистка и како најмлада финалистка воошто на грен слем турнирите по Марија Шапапова на Вимблдон 2004 година со тогаш 17 години.
Дуелот за трофеј на францускиот турнир, дамите ќе го играат во сабота попладне.
