Бостон со брејк го отвори финалето
Иако првата ѕвезда на селтикси Тејтум одигра под своите можности и запиша само 12 поени,блескаше Хорфорд со 26 поени од кои 6 тројки,Браун надополни со 24 поени...

По девет победи по ред на домашен терен во плеј-офот екипата на Голден Стејт киксна на првиот натпревар од финалната серија до 4 победи или подобар од 7 и му дозволи на Бостон со брејк да го отвори финалето по победата со 120-108.Пресудна беше последната четвртина што Бостон ја доби со 40-16 сосема доволно да ја анулира предноста на домашниот тим од 12 поени во пресрет на завршната четвртина и на најубав можен начин да го отвори финалето.
Иако првата ѕвезда на селтикси Тејтум одигра под своите можности и запиша само 12 поени,блескаше Хорфорд со 26 поени од кои 6 тројки,Браун надополни со 24 поени,а голема помош имааа и од клупата со ефектот на Вајт од 21 поен.Натпревар кој ќе остане забележан во историјата на НБА по шутерскиот ефект,односно двата тима заедно погодија 40 шута за три поени што е рекорд во финалните натпревари.
