Продлабочување на билатералните односи и партнерството меѓу САД и Македонија
Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ги поддржуваат соработката во демократијата, енергетиката и заедничките приоритети за безбедност- во Вашинготн потпишан договорот со кој се регулира стратегискиот дијалог меѓу двете земји...
Со стратешкиот дијалог меѓу САД и Северна Македонија се продлабочуваат билатералните односи и партнерството меѓу двете држави. По првиот состанок во Вашингтон направен е исчекор во билатералната соработка како сојузници во НАТО и поконкретно се врамува билатералната соработка.
„Стратешкиот дијалог ќе ја продлабочи соработката и координацијата меѓу САД и Северна Македонија. Ја цениме големата ангажираност на Северна Македонија во областите на демократијата, енергијата, регионалните инциијативи, што се еднакво важни и кои силно ги поддржуваме. Истовремено силно ги поддржуваме амбициите за евроинтегративниот процес, што сакаме да се придвижи напред и што ќе го поддржуваме колку што можеме“, нагласи државниот секретар Антони Блинкен.
На средбата било разговарано за актуелните безбедносни состојби, при заеднички е осудена руската инвазија и силната поддршка на Украина. Воедно било нагласено дека актуелните состојби налагаат нова динамика за евроинтеграцијата на земјите од регионот.
„Процесот на проширување на ЕУ претставува безбедносно прашање, а европските перспективи на земјите од Западниот Балкан, и кредибилитетот на овој процес, од суштинска важност за регионалната и европската стабилност. Благодарни сме за силната американска поддршка за што поскоро започнување на процесот на преговори на Северна Македонија, што во моментов преставува и најдобриот начин да се зачува кредибилитетот на овие процеси“, нагласи шефот на дипломатијата, Бујар Османи.
Во заедничката изјава по повод почетокот на процесот за стратешки дијалог, двете земји ја потврдија заедничката посветеност за проширување и продлабочување на билатералната економска и трговска соработка. Се посочува дека САД ја препознаваат Северна Македонија како стратешки важен пазар во развој со висок потенцијал за раст.
Во однос на одбраната и безбедноста во заедничката изјава на САД и Северна Македонија ја истакнуваат стратешката важност од развивање на одбранбени капацитети од висока класа, спроведување билатерални вежби и активности за обука за подобрување на интероперабилноста и подготвеноста.
Поздравен е интересот на Северна Македонија да стане земја партнер во глобалната програма на САД за заштита на царинската и гранична безбедност. САД и Северна Македонија ја потврдија својата посветеност да ги прошират образовните, културните и професионалните размени кои поттикнуваат меѓусебно разбирање меѓу луѓето од двете нации.
Ирина Гелевска
