ГЛОБСЕК

Ковачевски: ЕУ да прати јасна порака како да се продолжи после јуни

03.06.2022 17:04

Да се прати јасна порака со храбра одлука за Западен Балкан како да се продолжи после јуни - премиерот Ковачевски од Братислава од форумот Глобсек. Пристапувањето кон Унијата треба да биде процес базиран на заслуги и да важи за сите земји-кандидатки, ЕУ да донесе храбра одлука. Претседателот на владата ја потенцираше и важноста на Отворен Балкан како и на партнерството со Соединетите Американски Држави...

Клучната одлука е сега да се прати јасна порака со храбра одлука за Западен Балкан за како да се продолжи понатаму по јуни порача, премирот Ковачевски на дебата за Западниот Балкан на глобалната безбедносна конференција во Братислава. Вели дека пристапувањето кон Европската унија е процес кој треба да се заснова на заслуги, а како шо рече, сега тој процес станал политички поради блокадата на земјава.

Претседателот на Владата оцени дека Северна Македонија во различни поглавја е многу подобра од други држави кои веќе преговараат со Европската унија.

Прашан што е тоа што Европската унија го направи погрешно и дали е време да се  започне со приспособен пристап кон сите земји поединечно, премирот Ковачевски одговори - кога за еден процес треба многу време, опаѓа и неговиот кредибилитет и доверба,  како и важноста на играчите кои се вклучени.

На форумот премиерот ковачевски ја потенцираше и важноста на Отворен Балкан како и на партнерството со Соединетите Американски Држави за кои рече дека се стратешки партнер на земјава повеќе од 30 години.

Викторија Милевска