ГАРМИШ-ПАРТЕНКИРХЕН

Најмалку тројца загинати, повеќемина повредени во железничка несреќа во Германија

03.06.2022 16:28

Несреќата се случила во близина на Гармиш- Партенкирхен кога регионален воз преполн со патници излетал од шините. 16 лица се со потешки повреди. Меѓу патниците имало и многу деца.

Во железничка несреќа на југот на Германија според најновите податоци загинале најмалку тројца патници, а повеќемина се потешко повредени.

Несреќата се случила во близина на Гармиш- Партенкирхен кога регионален воз преполн со патници излетал од шините. 16 лица се со потешки повреди. Меѓу патниците имало и многу деца.

На помош на пожарникарите им дошле припадници на Бундесверот и на сојузната полиција кои се стационирани во овој дел на Германија поради обезбедувањето на претстојниот самит на земјите на групата Г7.