Криза

Битиќи: Компаниите кои неоправдано ги зголемија цените ќе се соочат со соодветен одговор од државните институции

03.06.2022 17:37

Одредени компании се однесуваат некоректно, неетички и неморално кон зголемување на цените. Тоа набрзо ќе наиде на одговор од страна на институциите. Не можеме да прифатиме дека цена за 24 часа може да порасне за 20 отсто- вели вицепремиерот за економски прашања...

Владата со ребалансот предвиде 73 милиони евра за антикризни мерки. Анализите се прават, но извесно е дека овојпат, мерките ќе бидат таргетирани кон најзагрозените граѓани и компании. Ова го потврди вицепремиерот за економкски прашања, Фатмир Битиќи. Тој се закани со институционален одговор за оние фирми кои неоправдано ги зголемиле цените.

„Со особено внимание следиме што се случува овие три дена на слободниот пазар. Одредени компании се однесуваат некоректно, неетички и неморално кон зголемување на цените. Тоа набрзо ќе наиде на одговор од страна на институциите. Не можеме да прифатиме дека цена за 24 часа може да порасне за 20 отсто кога производствената цена не може да порасне 24 часа за 20 отсто. Сметам дека тоа е само манипулација која ја прават кон нашите граѓани и за тоа секако соодветно треба да реагираат инспекциските служби. Јас очекувам набргу извештај од инспекциските служби со мерки за сите коишто тоа го имаат направено“, рече Битиќи.