Македонија

Отворен 56. МТФ „Војдан Чернодрински“

04.06.2022 11:07

Со првата претстава во конкуренција, „Народен непријател“ на МНТ и со наградите за животно дело, во Прилеп е отворен 56. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. И уметниците и публиката радосни што се врати театарската магија во полни сали..

Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, ја врати магијата на сцената. 56. издание на најреномираниот фестивал на театарот кај нас, уште еднаш потврдува дека уметноста жилаво опстојува и континуирано се создава.

Фестивалот е отворен со првата претстава во конкуренцијата за награди, „Народен непријател“ на МНТ. Публиката со почит и за добитниците на наградата за животно дело: актерката Бедија Беговска, доајен на турскиот театар и драмскиот писател Русомир Богдановски.

И публиката е нестрплива да ужива во празникот на театарската уметност.

Во седумте фестивалски дена на сцените во Центарот за култура и во прилепскиот театар ќе бидат одиграни 8-те претстави во конкуренцијата за награди и претставите во придружната програма.

Елизабета Митреска