Велес доби 15 негуватели, за чиј ангажман постои голем интерес
Во недостаток на старечки дом, голема е потребата од негуватели во Велес. После една деценија за прв пат во градот се едуцирани 15 негуватели, лица кои се невработени..

Училиштата се празнат, старечките домови се полнат. Одлевањето на младата популација, ги остави нивните родители сами и во староста без грижа. Во недостаток на старечки дом во Велес, Општинскиот црвен крст, едуцираше 15 лица за негуватели. За нив постои голем интерес во градот.
Кандидатите, посетуваа обука од за домашна нега на повозрасните граѓани, болни или изнемоштени, скоро три месеци од 15-ти февруари до 10-ти мај. Проектот е насловен „Ублажување на ефектите и последиците од Ковид-19 врз најранливите во општеството“ со акцент ставен на постарите лица, Финансиски проектот е поддржан од Австриски црвен крст.
Предавачи беа четири стручни лица-доктор, медицинска сестра, социјален работник и специјален едукатор/дефектолог. Негувателите можат да бидат ангажирани комерцијално ако некое лице чувствува потреба и тоа само го плаќа ангажманот.
Петар Печков
