Македонија

Министерката за надворешни работи на Република Бугарија во работна посета на Република Северна Македонија

04.06.2022 11:53

Посетата се реализира на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи, а е во функција на дијалогот меѓу двете министерства..

Делегација од Министерството за надворешни работи на Бугарија предводена од министерката Теодора Генчовска денеска и утре ќе престојува во работна посета на Северна Македонија.

Посетата се реализира на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи, а е во функција на дијалогот меѓу двете министерства за адресирање на отворените билатерални прашања, согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, и прашањата за евроинтеграцијата на Северна Македонија.