Иран

Иран ветува итен одговор на секој чекор на Запад против него

04.06.2022 12:40

Техеран развива нуклеарна програма за која тврди дека се користи за мировни цели. Западниот свет се сомнева дека се гради нуклеарно оружје...

Иранското МНР се закани – ќе одговориме на секој потег од САД и Европа против него во рамките на Меѓународната агенција за атомска енергија.

Револтирани се од извештајот за активностите на Иран, но и од посетата на генералниот директор на агенцијата во Израел кого го сметаат за најголем непријател.

Техеран развива нуклеарна програма за која тврди дека се користи за мировни цели. Западниот свет се сомнева дека се гради нуклеарно оружје.