Проект „Струмица – паметен вело град“
На денот на велосипедизмот, синоќа во Струмица започна реализацијата на европскиот проект „Струмица – паметен вело град“, предвидени се серија активности за изградба и обележување на градски велосипедски патеки. Проектот предвидува надградба на постојната сообраќајна инфраструктура и набавка на потребна опрема за нејзино одржување...

Со неколку активности во кои беа вклучени различна категорија на граѓани започнаа активностите за претстојниот проект „Струмица- паметен вело град“. Имено, со проект од ЕУ во висина од 750 илјади евра во Струмица ќе се гради велосипедска инфраструктура односно патеки во должина од околу 13 километри.
Проектот „Струмица – паметен вело град“ ќе се реализира во наредните три години, а во истиот ќе бидат вклучени повеќе граѓански здруженија и велосипедски клубови.
Градоначалникот Костадинов со овој проект очекува менување на навиките кај струмичани за поголемо користење на велосипедот како превозно средство, а не само за рекреативни цели.
Во рамките на проектот ќе бидат набавени и 150 Смарт велосипеди за што во градот ќе има и неколку пункта за користење на истите, а се очекува патеките да бидат изградени по неколку булевари во градот.
Стојне Митева
