Партии

Повици за тргање на ветото и за одговори за резолуцијата

04.06.2022 15:39

ВМРО-ДПМНЕ со повик до официјална Софија на следниот самит да го тргне ветото за почеток на преговори на Македонија со Унијата. СДСМ бара одговор од опозициската партија за резолуцијата од состанокот на народните партии каде што учествуваше Мицкоски...

Македонските граѓани заслужуваат да бидат дел од европското семејство, затоа бараме Бугарија да не го попречува патот. ВМРО-ДПМНЕ со повик до источниот сосед за разумни одлуки на претстојниот јунски самит.

СДСМ со исти желби околу евроинтеграцијата на земјава, но со многу критики до опозицискиот лидер. Обвинуваат дека Мицкоски на последниот состанок на ЕПП, потпишал резолуција која и оди во прилог на Бугарија.

Лажна е борбата против дезинформации на власта ако самата е креатор на лажни вести, одговори Николоски. Тој тврди дека од владејачката партија не ја прочитале резолуцијата и оти напразно обвинуваат. Тој додаде дека во таа резолуција јасно пишува дека СДСМ ги злоупотребува судството и обвинителството за да врши прогон на политички неистомисленици.

Катерина Топалова