Партии

НСДП избира нов претседател, кавги и тензија меѓу делегатите

04.06.2022 16:08

Бурен конгрес на НСДП. Изборот за наследник на Тито Петковски предизвика кавга меѓу делегатите...

Тензично и со жестока реторика на конгресот за избор на нов претседател на НСДП со единствен кандидат Горан Мисовски. Делегатите поделени. Дел од нив сметаат дека бурната атмосфера е продолжување на несогласувањата поради одлуката на Централниот одбор, единствен кандидат да биде Мисовски, елиминирајќи го Кристијан Трајковски кој важеше за втор најсериозен претендент за лидерската позиција.

За дел од членството, Мисовски би бил легитимен наследник на основачот и прв претседател на партијата Тито Петковски.

Судирот во НСДП почна откако одборот за организација на конгресот објави, а централниот одбор потврди дека единствен кандидат ќе биде Мисовски.

Марија Котовска