Генчовска го посети опожарениот бугарски клуб во Битола
Изутринава околу пет часот во Битола опожарен беше бугарскиот културен центар Иван Михајлов. Осуда за немилиот настан и од целиот наш државен врв. Во Битола околу пладне бугарскиот центар го посети и бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска...

Изутринава во Битола опожарен бугарскиот културен центар Иван Михајлов. Немил настан кој се поклопи со работната посета на бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска. Опожарувањето на културниот центар кој во април беше отворен во присуство на целиот државен бугарски врв експресно осуден од домашните државни институции.
Шефицата на бугарската дипломатија нешто по пладне допатува да во Битола на лице место да се запознае со состојбата. Вели дека од началникот на полицијата добила ветување дека е преземена темелна истрага и за брзо време ќе има резултат. Генчовска вели дека во никој случај ова не може да се сфати како провокација од бугарска страна туку ќе се продолжи со конструктивниот дијалог.
Подметнатиот пожар изутрината го забележал сосед од околната зграда по што веднаш пријавил во битолската полиција која веднаш ја информирала територијалната противпожарна единица
Брзата интервенција спречи евентуално проширување на пожарот и поголеми материјални штети.
Инаку дежурен јавен обвинител заедно со екипи од СВР Битола изутрината извршија увид на лице место. Подигнати се траги за кој јавниот обвинител издаде наредба за вештачење како и обезбедување на снимките од безбедносните камери на самиот објект и околните места.
Стевче Митревски
