Малите производители на пиво бараат законски олеснувања
Производството на домашно или крафт пиво кај нас може да се развива и да го поттикне производството на јачмен и слад. Малите производители на пиво бараат законски измени со кои ќе се олесни пласманот на нивниот производ..

Доколку се олеснат законските регулативи за производителите на занаетчиско или таканаречено крафт пиво, ќе заживее цела една дејност која има потенцијал за развој, велат производителите кои денес го претставија своето пиво на крафт фестивалот во Штип. Семејните пивари ниту сакаат ниту можат да бидат конкуренција на големите производители, а актуелните регулативи за пласман се долги и скапи и се исти како и за големите пивари
Вредноста на крафт пивото како еден вид домашен производ е во оригиналниот вкус и природните репроматеријали.
По углед на европските регулативи за крафт пиварите, и македонските бараат даночни олеснувања и поедноставна административна постапка за пласман на производите.
Славица Величковска
