Воен конфликт

Лавров: Политиката на НАТО ќе заврши лошо

05.06.2022 10:03

Истокот на Украина и натаму на удар на русите сили и проруските сепаратисти. Улични борби во Северодоњецк, а двете страни се фалат дека во текот на ноќта оствариле успех. Шефот на руската дипломатија со порака до западот – политиката на ширењето на НАТО ќе заврши лошо...

Повторно се огласија сирените за воздушни напад во Украина. Руските сили напредуваат во Донбас. Северодоњецк е под нивна контрола, но украинската војска и натаму пружа силен отпор. Според Киев, непријателот разнесува мостови за да го спречи военото засилување на Украинците и помошта за цивилите.

„Страшно е. Сите четири куќи се без ѕидови, прозорци, темно е насекаде, нема покрив. Уништена е и најсиромашната зграда. Сите заминаа, немаат каде да се вратат.“

Во Одеса соборен воен транспортен авион со муниција. Градоначалникот на Киев Кличко соопшти за експлозии во Дарницки. Во ракетирањата е уништена една од најважните цркви на православните верници во Украина.

„Ова веќе не може да се поправи. Војната трае. Но во секој миг може да запрат ужасните последици на војната. Руската армија може да престане да опожарува цркви, да уништува градови. Може да престане да убива деца. Само ако една личност во Москва даде таква наредба“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

САД најавија дополнителна помош со оружје за Украина, но рускиот претседател Путин смета дека неговата војска успешно ги уништува пратките од Вашингтон. Шефот на руската дипломатија Лавров со порака до Западот – политиката на ширењето на НАТО ќе заврши лошо. Според францускиот претседател Макрон, клучно е Русија да не биде понижена за да можат по крајот на судирот да најдат дипломатско решение.

Маја С. Филдишев