Грција
Голем шумски пожар околу Атина
05.06.2022 10:14
Изгореа многу објекти и возила, а поради респираторни проблеми неколку лица беа хоспитализирани...

Поради голем шумски пожар беа евакуирани јужните предградија на Атина. Изгореа многу објекти и возила, а поради респираторни проблеми неколку лица беа хоспитализирани.
Противпожарните операции се отежнати поради силниот ветер. Минатото лето, Грција се соочи со најсериозниот топлотен бран кој според властите е резултат на климатските промени.
