Куба
Најмалку две лица загинаа во невреме во Хавана
05.06.2022 10:28
Поради силната бура од центарот на Хавана се евакуирани околу 400 луѓе, а самоиницијативно погоденото подрачје го напуштиле околу 2.000 луѓе...

Најмалку две лица загинаа, а околу 40 станбени згради се оштетени во поплавите во главниот град на Куба.
Поради силната бура од центарот на Хавана се евакуирани околу 400 луѓе, а самоиницијативно погоденото подрачје го напуштиле околу 2.000 луѓе.
Критично е и во кубанските провинции Пинар дел Рио, Артемис и Санкти Спиритус.
