Македонија

Изложба „Слобода“ и концерт на трио Академико во Созопол

05.06.2022 10:34

Изложбата е дел од проектот „Поврзување“ на КИЦ на Македонија во Софија, кој веќе традиционално го претставува ликовното творештво на активните уметници, со финансиската поддршка на Министерството за култура на Македонија. Целта на проектот е да го претстави ликовното творештво на уметниците и да ја информира културната јавност за новосоздадените дела..

Изложбата „Слобода“, составена од дела на македонски и бугарски современи ликовни уметници вечер ќе биде отворена во Градска галерија во Созопол, Бугарија. Со оваа изложба Културно-информативниот центар на Македонија во Софија учествува на Меѓународниот франкофонски фестивал „Солеј“, кој по единаесетти пат се одржува во туристичкиот град Созопол на брегот на Црно Море.

Изложбата е дел од проектот „Поврзување“ на КИЦ на Македонија во Софија, кој веќе традиционално го претставува ликовното творештво на активните уметници, со финансиската поддршка на Министерството за култура на Македонија. Целта на проектот е да го претстави ликовното творештво на уметниците и да ја информира културната јавност за новосоздадените дела.

Во составот на изложбата се делата на уметниците од неформалната група Конекција, кои се од Македонија, но живеат и работат во Софија.

По отворањето на изложбата од проектот „Поврзување“ во Градската галерија во Созопол, КИЦ на Македонија учествува во културната програма со уште еден културен настан. Тоа е концертот на трио „Академико“ во состав Златка Митева – флејта, Бранко Павловски – кларинет, Наташа Трбојевиќ – пијано.