Био-базирани стратегии и патокази за подобрен рурален и регионален развој во ЕУ
Стратегијата има за цел да го зголеми капацитетот на креаторите на регионалната и локалната политика и чинителите да ја структурираат својата биоекономија и да поддржат просперитетен био-базиран сектор. Остатоците од земјоделските производи од струмичко ќе се користат како био енергенс..

Технологии за создавање палети, брикети, употреба на пиролиза за создавање синтетички гас и катран, како и користење земјоделски остатоци за замена на пластиката се дел од бизнис моделите Струмица потенцијално може да ги користи за развој на бионерегијата. Од риби до рози, секој регион има различен потенцијал како ресурси. Во првиот чекор, BE-Rural ги истражуваше постојните и достапните одржливи технологии, потенцијали за биомаса и деловни модели (од мал обем) за био-базирана економија. Нивниот потенцијал за локално распоредување во одделните региони беше оценет, земајќи ги предвид рамките на политиката и учеството на чинителите. По три години истражување, готов е патоказот со шесте стратешки цели кои треба да доведат до искористување на потенцијалот.
Како најголем производител на градинарски култури реално тука може да се развијат бизнис модели. Во моментот важно е да се зајакнува и свеста и познавањето на биоекономијата.
Од гледна точка на биоекономијата, поволните климатски услови го прават регионот најголем производител и извозник на земјоделски производи во земјата. Користењето на земјоделските остатоци како обновлив извор на енергија има потенцијал да поттикне биоекономија и да додаде вредност на регионот. Во рамките на проектот BE-Rural, еден фокус е на енергетската конверзија на материјалите од биомаса што остануваат на земјоделски полиња или фарми (остатоци од терен), како и оние што се создаваат при преработка на земјоделски производи (остатоци од процеси). Во моментов се појавуваат нови економски зони, општините се посветени на заеднички економски развој.
Проектот BE-Rural финансиран од програмата „Хоризонт 2020“ на Европската Унија, има за цел доближување на концептот на биоекономија кон чинителите во регионот, мапирање на можностите и потенцијалите на регионот, како и развивање на патокази и стратегии за остварување на биоекономијата.
Стојне Митева
