Србија

Нови лажни дојави за поставени бомби во Србија

05.06.2022 12:32

Пораките за поставени експлозивни направи биле пратени преку интернет. Во последните два месеца во Србија беа извршени неколку евакуации на ресторани, училишта, мостови, железнички станици и зоолошка градина...

Нови дојави за бомба во Србија. Овој пат, цел на лажните предупредувања беа аеродромот „Константин Велики“ и трговски центри во Ниш и во Нови Сад.

Пораките за поставени експлозивни направи биле пратени преку интернет. Во последните два месеца во Србија беа извршени неколку евакуации на ресторани, училишта, мостови, железнички станици и зоолошка градина.

Слични инциденти беа пријавени и во Хрватска, во БиХ и во Косово.