Македонија

Од АД ЕСМ убедени се дека и во второто полугодие ќе ги испорачаат потребните количини до „ЕВН ХОУМ“

05.06.2022 13:08

Вработените на Државните електрани со еко-акција го одбележаа светскиот ден за зачувување на еколошката средина кој годинава е под мотото „Само една планета земја, „Патем раководството со анализа на постигнатото производство ги демантира обвинувањата на опозицијата. Порачуваат дека и во второто полугодие од годината ќе ги испорачаат потребните количини до универзалниот снабдувач „ЕВН ХОУМ“ иако се очекува количините на електрична енергија да бидат зголемени за 20-сет отсто...

Додека опозицијата обвинува дека енергетскиот систем е пред капитулација од државните електрани со спротивно дијаметрални ставови. Од АД ЕСМ се повикуваат на оценките на меѓународните енергетски организации, на фактите дека минатата и првото полугодие од тековната година во целост беа испорачани предвидените количини на електрична енергија до универзалниот снабдувач „ЕВН ХОУМ“. Грејната сезона ја завршивме без рестрикции и неенормното покачување на цената. Жал ми е што што таканаречените експерти ја пласираат тезата дека произведуваме 50 посто електрична енергија вели Ковачевски.

Најавите се дека во второто полугодие испораката до универзалниот снабдувач за реалниот пазар ќе се зголеми за 20 посто. Ние сме подготвени. Во моментот работиме на анализите за намалување на трошоците за 15 отсто и зголемување на производство за новите потребите како би формулирале и понудиле цена до регулаторот за благо покачување на цената вели Ковачевски. Во рамките на подготовките на граничниот премин Меџитлија дневно поминуваат над 1.000 тони увезен јаглен.

На одбележувањето на светскиот ден за заштита на еколошката средина Ковачевски потсети на реализираните но и проектите што ќе се имплементираат за производство на зелена енергија.

Стевче Митревски