Партии

Ахмети: Не е време за избори

05.06.2022 16:27

„Најважно во моментов е затворање на спорот со Бугарија и влез во Европската Унија. Бојкот и избори не се решение“ вели лидерот на ДУИ Ахмети. ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од идејата за предвремени избори, а СДСМ од барањето Мицскоски да се изјасни за резолуцијата на народните партии...

„Не е време за избори“. Лидерот на владината коалициска партија, Али Ахмети, на одбележувањето на 20 годишнината од основањето на ДУИ, со порака дека работата на дијалогот со Бугарија е единственото решение кое го осветлува македонскиот евроинтегративен пат.

Од ВМРО-ДПМНЕ не се согласни. Сметаат дека во време на економска криза која најавува продлабочување, оваа Влада, наместо решенија, носи само дополнителни трошоци. Излез од кризата ја гледаат во предвремени парламентарни избори.

СДСМ во неколку наврати го искажува децидниот став дека изборите не се решение. Од партијата сметаат дека она на што мора сите политички чинители да бидат посветени е националниот став околу решението со Бугарија. И денеска му забележаа на Мицкоски зашто не се огласува по потпишувањето на резолуцијата на последниот состанок на ЕПП, која оди во прилог на аргументите на Бугарија.

Oд партијата за ваквите наводи изјавија дека Претседателот Мицкоски ги брани позициите на Македонија и во ЕПП и во средбите со бугарските претставници, проблемите се создадени од СДСМ.

 

Катерина Топалова