208 сообраќајни прекршоци во Скопје, 99 возачи на мотоцикл
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 208 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 29 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 99 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 208 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 29 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 99 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се осум мерки за нерегистрирани возила, 18 санкции за возење под дејство на алкохол, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за возач почетник, соопштуваат од МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат.
