ТЕНИС

Понеделник ден за „освежување“ на тенисиот поредок

06.06.2022 09:40

Тенискиот свет изминативе две недели уживаше во францускиот грен слем, Ролан Гарос. Париз ја дишеше црвената прашина. Париз го прогласи по 14-ти пат Рафаел Надал за освојувач на пехарот на „Четворицата Мускетари“...

Тенискиот свет изминативе две недели уживаше во францускиот грен слем, Ролан Гарос. Париз ја дишеше црвената прашина. Париз го прогласи по 14-ти пат Рафаел Надал за освојувач на пехарот на „Четворицата Мускетари“, со што се испиша повторно ново поглавје во историскиот тениски учебник. Импозантна бројка, импозантен факткој вели дека во повеќе од две децениското рафаелово присуство на париската црвеница има само три порази. Во архивата се придодава и единствената бројка 22 освоени гренд слема. Годинешниот триумфален пат на шпанецот беше изоден на 36 години.

Светската тениска скала го размрда распоредот во топ 10-ката, па така сега Рафа со бодовите од Париз прогресираше за едно место за сега е четврти, потиснувајќи го ланскиот финалист Циципас кој сега ¼ финално го заврши францускиот турнир. Противникот на шпанецот во трофејниот меч, историскиот учесник во него како прв норвежанец Каспер Руд од 8-то, сега е на 6-тото место, а со тоа ги стави зад себе супер тијнејџерот Алкараз и русинот, Рубљев.Топ тројката од врвот остана иста, прв и натаму е србинот Новак Ѓоковиќ, па зад него русинот Данил Медведев, а трет е германецот Зверев, кој се чини по ½ финалната повреда, за жал подолг период ќе биде вон тениските терени.

Кај дамите сем убедливото прво место кое го држи освојувачката на Ролан гарос, Ига Швјотек, речиси се зад неа имаше промени. Естонката Контавеит направи скок за три места за сега е втора, а највоочлива позитивае кај финалистката во Париз тинејџерката Коко Гоф. Американката од 23-тото место од денеска е 13-та, а 8 тенисерки мина и ½ финалиската русинката Касаткина, која 20-тото место го замени за 12-то.

Следно од престижната четворка турнири е неговото величество, Вимблдон (27 јуни до 10 јули).