Лига на нации

Македонските фудбалери го совладаа Гибралтар

06.06.2022 09:51

Избраниците на селекторот Благоја Милевски поведоа во 20 минута со десеттиот репрезентативен гол на Енис Барди, а печат на победата стави Бобан Николов во 84 минута.

Македонската фудбалска репрезентација вчера на гостувањето во Гибралтар ја оствари зацртаната цел и со триумф од 2-0 (1-0) ја забележа првата победа во рамки на групата 4 од Ц-дивизијата во Лигата на нации.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски поведоа во 20 минута со десеттиот репрезентативен гол на Енис Барди, а печат на победата стави Бобан Николов во 84 минута.

По воведното реми против Бугарија во Разград и победата над Гибралтар, македонската фудбалска репрезентација ќе го заокружи јунскиот циклус во Лигата на нации со два натпревари на домашен терен.

На 9 јуни на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе гостува Грузија, додека идната недела следува реваншот против Гибралтар.