Лавров ја откажа посетата на Србија
Откажана е посетата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на Србија, откако Македонија, Црна Гора и Бугарија не дозволија прелет на авионот на рускиот дипломат. Од македонското МНР потврдиле дека го отфрлиле барањето на руската амбасада за прелет над македонска територија на авионот со кој Сергеј Лавров треба да патува кон Србија...

Откажана е посетата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на Србија, откако Македонија, Црна Гора и Бугарија не дозволија прелет на авионот на рускиот дипломат.
Од македонското МНР потврдиле дека го отфрлиле барањето на руската амбасада за прелет над македонска територија на авионот, со кој Сергеј Лавров треба да патува кон Србија.
Руското Министерство за надворешни засега не се појави со официјален коментар, а за денеска е најавена изјава на шефот на дипломатијата.
Прелетот не е дозволен поради санкциите воведени од поголем број држави од ЕУ и НАТО откако почна нападот врз Украина. Лавров во Белград требаше да се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ.
