Поморски вежби на НАТО во Балтичко море
Нато почна поморска вежба во Балтичко море во која учествуваат над 7 илјади морнари, пилоти и маринци од 16 земји, вклучително и Финска и Ѓведска кои се аспиранти за Северноатланската алијанса. Вежбата „Балтопс“, која ќе ја водат САД, се одржува од 1972 година и не се работи за одговор на која било конкретна закана...

Нато почна поморска вежба во Балтичко море во која учествуваат над 7 илјади морнари, пилоти и маринци од 16 земји, вклучително и Финска и Шведска кои се аспиранти за Северноатланската алијанса.
Вежбата „Балтопс“, која ќе ја водат САД, се одржува од 1972 година и не се работи за одговор на која било конкретна закана. Сепак, НАТО соопшти дека со учеството на Шведска и Финска ќе се искористи шансата да ја зајакне својата отпорност и сила во непредвидливиот свет, заедно со двете нордиски земји.
Пред поморската вежба, во која ќе учествуваат 45 бродови и 75 авиони, висок американски воен функционер во Шведска порача дека е особено важно НАТО да покаже поддршка за Хелсинки и Стокхолм.
