Свет

Најмалку девет лица се убиени, а десетици ранети изминатиот викенд во САД

06.06.2022 10:45

Три лица се убиени во оружен напад во Мичиген. Во пукотницата што се случила во Сагинава, загинаа две лица, додека една жена подоцна им подлегнала на повредите здобиени во инцидентот. Три лица настрадаа, а најмалку 11 се ранети откако неколку лица отворија оган врз маса луѓе во Филаделфија...

Најмалку девет лица се убиени, а десетици ранети во пукотници во изминатиот викенд во три американски града.

Три лица се убиени во оружен напад во Мичиген. Во пукотницата што се случила во Сагинава, загинаа две лица, додека една жена подоцна им подлегнала на повредите здобиени во инцидентот. Три лица настрадаа, а најмалку 11 се ранети откако неколку лица отворија оган врз маса луѓе во Филаделфија. Три лица загинаа, а 14 се ранети во оружен судир пред ноќен клуб во градот Чатаноди во сојузната држава Тенеси.

Оружените инциденти се случуваат во мигови кога три американски градови сè уште жалат по жртвите на злосторствата во кои неодамна беа убиени 35 лица.