Јотовски ја продолжи победничката серија
Томислав Јотовски обезбеди настап во полуфиналето на турнирот во Шарм Ел Шеик откако го совлада Французинот Инзерилјо Жером со 2-1. Во првиот сет противникот почна одлично, поведе со 4- 0 во гемови, но иако не успеа да направи пресврт, со освоените четири од преостанатите шест игри, нашиот тенисер најави дека ги презема конците на мечот.

Во продолжение со 6-2 и 6-3 Јотовски се избори за четвртфинална победа над Жером. Нареден противник на Јотовски ќе му биде шведскиот тенисер Елијас Имер, кој е 784-ти на АТП листата.