Македонија

Приведен разбојник во Битола поради кражба

06.06.2022 11:24

Полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Битола извршиле службен разговор со 17-годишник, поради основано сомнение дека на 28.12.2021 на ул. Мордо Нахмијас Лазо во Битола со закана со остар предмет од Љ.Н.(20) од Битола му одзел личен накит...

Полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Битола извршиле службен разговор со 17-годишник, поради основано сомнение дека на 28.12.2021 на ул.Мордо Нахмијас Лазо, во Битола, со закана со остар предмет од Љ.Н.(20) од Битола му одзел личен накит, соопштуваат од МВР.

Лицето во целост го признало и појаснило кривичното дело, дел од украдениот накит е пронајден кај него и ќе биде вратен на сопственикот, а против сторителот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.