МНР: Mакедонија е дел од санкциите кон Руската федерација, оттаму е забраната за прелет
Македонија, Црна Гора и Бугарија му го сменија планот на Лавров. Трите држави одбија да го пропуштат својот воздушен простор авионот на рускиот дипломат кој се упатил кон Белград на средба со српскиот претседател Вучиќ. По одлуката на трите држави, Вучиќ бил принуден лично да се справи со логистиката на посетата на рускиот министер...

Македонија, Црна Гора и Бугарија му го сменија планот на Лавров. Трите држави одбија да го пропуштат својот воздушен простор авионот на рускиот дипломат кој се упатил кон Белград на средба со српскиот претседател Вучиќ. Според официјалниот претставник на МНР, Марија Захарова, на овој начин овие три земји затвориле уште еден канал за комуникација. Македонското дипломатија со одговор:
„Министерството за надворешни работи го одби барањето на руската амбасада за специјално одобрение за користење на воздушниот простор за лет до Белград, поради тоа што Владата веќе има донесено општа одлука за затворање на воздушниот простор на Северна Македонија за авио-превозници во сопственост на Руската Федерација.“
По одлуката на трите држави, Вучиќ бил принуден лично да се справи со логистиката на посетата на рускиот министер. Но, ваквиот однос на овие балкански држави не остана без одговор од руска страна.
„Москва и Белград мораат крајно остро да одговорат на затворањето на воздушниот простор од страна на соседите на Србија за авионот на рускиот Министер за надворешни работи Сергеј Лавров, изјави потпретседателот на Советот на Федерацијата Константин Косачев.“
Тој смета дека овој демарш е насочен против Русија и Србија како држави.
„Реакцијата, се надевам, ќе биде заедничка и крајно остра, не само во форма на дипломатски протести, туку и во конкретни практични одговори. За да не се повтори“, напиша парламентарецот Косачев на својот Телеграм канал.
Според него, одлуката на Бугарија, Црна Гора и Македонија да не го пропуштат авионот на рускиот министер не била независна. Тој смета дека по влезот во НАТО, трите земји го загубиле својот суверенитет.
Катерина Топалова
